Девојките од Frozen Times Drops - Софи и Ангела, две другарки што делат иста страст - фотографија и видео.
Ангела студира илустрација а, Софи студира италијански јазик и книжевност. Кога не се на факултет претежно работат на видео спотови, фотографии од журки и мислат на кој нов начин да го покажат она што им лежи на душа. Под името Frozen Time Drops започнуваат со работа во 2017, точно оној момент кога Ангела се сели во Љубљана и од тогаш нивното пријателството станува платно на кое се создаваат сите нивни проекти. Интересно е што и на двете Скопје им е омилен град и не би го замениле за ништо!
Проверете ја нивната работа: http://www.frozentimedrops.mk