Irie Scratch е предводникот на новата генерација диџеи во Македонија, член на Sure Shotz и еден од основачите на TRAP DA FUCK UP. Иако сеуште млад, по 10 години на сцената има големо интернационално искуство, 7 сезони летна резиденција на Иос (Грција) и 2 настапи на Exit Festival.
Тој е еден од првите диџеи што го донесе новиот хип-хоп звук тука, а неговиот проект TDFU е основата на трап сцената во државата. Постојано промовира нова музика и соработува со артисти и диџеи од различни жанрови, и е познат по своите енергични настапи полни со позитивна енергија.