EP54 Сезона 3 - Светлост Дуо.
Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски се музичко партнерство повеќе од деценија, најпознати по својата соработка во разноврсни групи како Светлост и Fighting Windmills (меѓу другите).
Во декември 2020, за издавачката куќа ШАРЛА го издаваат својот прв дуо албум „Two Ways East“, на кој се поместени 3 долги композиции за две пијана, електро-акустични композиции за кларинет, саксофон и аналогна електроника.
Како дуо жанровски се скоро па невозможни за дефинирање што е одлично и секогаш неочекувано за слушателите - сместени некаде како еклектичен пост-модернизам, музичката историја на авторите неизбежно сугерира free jazz дискурс. Но, ниту една дискусија за стилски насоки не е доволна за да ја долови емотивната длабочина на овој одвален проект