Дали си запознаен(а) со најновите откритија во борбата портив ракот? Во оваа епизода, на гости ми е Синиша, млад научник во сферата на медицината, био медицината и вештачка интелигенција. Разговараме за разликите помеѓу медицина и био медицината, улогата на органоидите, и надежите што ги носи имунотерапијата во лекувањето на оваа болест.
Дали со добра исхрана и активен живот може да се превенира рак? Токму на тоа посветивме еден добар дел од разговорот, а дополнително ќе дознаеш и за примената на вештачката интелигенција за подобро разбирање и дијагностицирање.
Затоа, не пропуштај ја оваа епизода каде што детално разгледуваме сè од најновите истражувања до практични совети за подобрување на твоето здравје и превенција на рак.
Интересни моменти:
[00:00] Вовед
[07:25] Што е разликата меѓу медицина и био медицина?
[09:00] Што се органоиди и како се користат за испитување на рак?
[14:09] До каде е процесот за наоѓање на решение за канцер?
[19:59] Што е имунотерапија?
[22:03] Дали имуниот систем може да ги препознае клетките на ракот?
[25:08] Може ли да се користи имунотерапија за секаков вид канцер?
[25:55] Постои ли надеж дека со имунотерапијата ќе се дојде до некаков
breakthrough кај најзастапените типови на канцер?
[29:10] Како се користи вештачката интелигенција за подобро разбирање на метастазите?
[33:31] Придобивки на модерното време: како вештачката интелигенција им помага на докторите во дијагностика
[35:12] Како начинот на исхрана и активниот живот придонесуваат за превенција на рак?
[37:35] Исхрана со прости шеќери и процесирана храна - влијание на канцерот
[40:21] Што е тоа што не го сакаат канцер клетките и ги спречува да растат?
[43:12] Дали постојат докази што покажуваат дека физичката активност помага при превенција на рак?
[44:30] Дали намалувањето на мастите во телото може да помогне да се спречи развивање на тумор?
[49:15] Испитување на тумори - клучни пронајдоци
[51:10] Што е ДНК метилација? Дали можеш да влијаеш на твоите гени?
[53:32] Фанатички пристап кон храна - дали е здрав тој однос?
[55:00] Јадење црвено месо и рак
[56:35] Тековни проекти и планови на Синиша
Корисни линкови:
Јосиф Дамјанов веб-сајт
Јосиф Дамјанов на Facebook, Youtube и Instagram
Фитнес мобилна апликација FitKit
Здрава храна Coach Foods
Емисијата ја поддржа Феникс - Домови за стари лица. Голема благодарност до
нив.