Во оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за храброста и што е потребно да стигнете до тоа да водите живот целосно ослободени од синџирите на совршенството и постојаното задоволување на нечии туѓи идеи за Вас, Вашиот живот и Вашата кариера. Сакате поуспешно да се справите со предизвиците на работа? Сакате да започнете сопствен бизнис? Сакате да ги исполните своите соништа? Заборавете на постојаната потрага по совршенството и пронајдете ја храброста со која ќе ги постигнете сите Ваши цели и амбиции во кариерата и животот.