Јас не го имав секогаш овој начин на размислување, односно не ја имав храброста во себе да си ги видам сопствените квалитети и скоро секогаш барав одобрување од сите останати.
Со големо жалење морам да кажам дека добар дел од моите 20-ти години ги поминав заробена во мојата “комфорна” зона која беше се, само не комфорна, мачејќи се да бидам доволно добра за другите во тоа што го работев, доволно добра за околината, но никогаш доволно добра за себе. Кога го сфатив ова веќе имав 29 години и решив дека е време вистинската јас, амбициозна, успешна и неустрашлива да излезе на површина со целиот свој сјај. Едноставно решив дека е време да престанам да се задоволувам со помалку од тоа што заслужувам.
Оваа подкаст епизода е достапна и во текстуална форма ТУКА.