Оваа епизода на ФЕМКАСТ е презентирана од поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Во оваа епизода разговараме за значењето на пратеничките канцеларии и нивната улога во комуникацијата со граѓаните.Да се биде јавна личност не само што претпоставува голем број внимателно пресметани чекори и акции, туку претпостаува и создавање приказна, имиџ и содржина, комуникација која се карактеризира со волја да се сослушаат и согледаат повеќе слоеви на граѓанските предизвици со цел и внатрешно и надворешно во секое време пратеникот да биде во тек и вклучен во граѓанските иницијативи. Само така граѓанската иницијатива има начин да стигне до вистинската адреса на повисоко ниво.