Во оваа епизода на ФЕМКАСТ заедно со мојата гостинка, Емилија Попоска, дискутираме за последиците кои ги предизвика и допрва ќе ги предизвикува случајот „Јавна соба“.Кои се лекциите кои ги научивме и кои допрва ќе ги учиме?Како да го смениме менталитетот на нашето општество и да го научиме на емпатија и сочувство со жртвите?Како да ги класифицираме учесниците во групата „Јавна соба“ и зошто е потребно сите да бидат најстрого казнети?На овие прашања, а и на многу други, одговор дава Емилија Попоска - наша сонародничка која живее и работи во Словенија и е посветен борец за женските права.