Listen

Description

По повод првиот роденден на порталот ФЕМИТИКА се одржа панел дискусија на тема „Жените во политиката“ на која учеснички беа актуелни и поранешни пратенички во Собрание на Република Македонија. Модераторка и панелистка на панелот е поранешната пратеничка во повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска, а панелистки се Силвана Бонева, поранешна пратеничка во Собрание на Република Македонија, Дафина Стојаноска, пратеничка во Собрание на Република Македонија и Благица Ласовска, пратеничка во Собрание на Република Македонија. Панелистките се жени со богато политичко искуство зад себе и темите на кои дискутираат се посветени на сите жени кои сакаат да започнат кариера во политиката и со кои предизвици тие се соочуваат.