Listen

Description

Подкаст на Македонски јазик во Македонија.



Живееме во најдоброто време во кое може да се живее, точка! Можностите се буквално бесконечни. Во денешно време секој може да најде начин да заработува со помош на интернетот и социјалните медиуми. Многумина мислат дека тоа е возможно само со инфлуенсерство и дека тоа е единствениот начин да се заработува онлајн, но тоа е толку погрешно и во оваа објава ќе ви објаснам и зошто.Не мора да бидеш инфлуенсер за да заработуваш пари преку Инстаграм.Не мора да си инфлуенсер за да изградиш бренд, поточно дигитален бренд во денешно време. Има толку многу опции и начини од кои може да се изгради една цела (мала) бизнис империја и тоа само преку социјалната мрежа Инстаграм.Во 2021 прва година скоро сите имаме телефон во раката, сите знаеме да го користиме интернетот, разликата е во тоа како го користиме. Може да го користите на тој начин што ќе поминете 2 или 3 часа бесцелно скролајќи и восхитувајќи се на туѓите животи или може да направите нешто од тие часови поминати пред екранот.Како? Лесно. Се што ви е потребно е интернет конекција и желба.Знам, многумина ќе речат: „Полесно е да се каже, отколку да се направи.“ и не е дека во еден поранешен период од мојот живот не би се согласила со вас, но сега дефинитивно не се согласувам со таа изјава. Може да направите се што ќе посакате. Зошто? Затоа што сте способни за тоа.