Дане Тодоровски е претприемач, основач на Бизнис Клиника и човек кој уште од мал има силна потреба да победува, да гради и да оди кон следната цел.
Во оваа епизода зборуваме за тоа што се случува кога после секој успех многу брзо доаѓа прашањето „што е следно?“, за неговиот прв бизнис на 20 години, раниот успех и неуспехот што следувал, како научил да бара помош и зошто денес верува дека една идеја треба што побрзо да се тестира во реалниот свет.
Зборуваме и за билијардот, спорт кој Дане го игра веќе 15 години, и за работите што ги научил преку него: како се справуваш со промашен удар, притисокот, контролата на емоциите и прифаќањето дека минатото веќе не можеш да го смениш.
Оваа епизода е поддржана од gifto.mk — платформа за подароци во форма на доживувања низ Македонија. Погледни повеќе: https://gifto.mk/podari/
Партнер во четвртата сезона на „Како си?“ е ATG Macedonia. Дознај повеќе за ATG овде: https://atgmacedonia.com/
Содржина: (00:00) Интро (01:34) Дане, како си? (01:44) ATG Warm-up (02:38) Што е за тебе ментално здравје? (05:57) Каков бил Дане како дете? Што денес правиш кога ќе „победиш“? (13:19) Љубопитност и досада: постојано поставување нови цели (17:07) Започнување бизнис на 20 години — од успех до неуспех (28:00) Што е првото нешто што правиш кога почнуваш нова бизнис идеја? (33:10) Колку е тешко да смениш насока? (42:12) Давање помош и барање помош во бизнис светот (48:35) Што има билијард масата што не можеш да го најдеш во бизнисот? (51:10) Билијард како индивидуален спорт: што се случува кога ќе промашиш лесен удар? (1:00:04) Прашање за слушателите
Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција Камера & аудио: Сашко Петровски Монтажа: Сашко Петровски Уредник: Сандра Митреска Водител: Ѓорги Георгиев
Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.