Listen

Description

Во триесет и втората епизода на поткастот “Како си?“ заедно со психологот и психотерапвет Александра Петровска ја обработуваме книгата “Анксиозна Генерација“.

Содржина:
00:00 Интро
00:35 Децата се премногу заштитени во реалниот живот, а премалку заштитени во виртуелниот свет („Анксиозна генерација“ - Џонатан Хајт)
04:33 Бесконечно скролање: какви информации примаме?
10:08 Детство засновано на слободна игра наспроти детство со екрани
17:38 Примерот на родителите: колку контрола имаме над користење на социјалните мрежи?
23:18 4 клучни штетни влијанија од паметни телефони: социјална депривација и недостиг на сон
52:00 Поделеност на вниманието и зависност
01:11:21 Вовед во вториот дел од книгата „Анксиозна генерација“ (Одговорност и колективна акција)

Продукција: ЛинкАкрос Видео Продукција
Камера & аудио: Сашко Петровски
Монтажа: Сашко Петровски
Уредник: Сандра Митреска
Водител: Ѓорги Георгиев

Содржината презентирана на овој поткаст е само за информативни цели. Ве молиме консултирајте се со соодветно стручно лице за било какви здравствени прашања, дијагноза или терапија. Ставовите и мислењата изразени во поткастот се личните ставови и мислења на водителот и на гостите.