Look for any podcast host, guest or anyone
Showing episodes and shows of

Ilina Pejoska Zaturoski

Shows

ФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски11. Време е за летоЗдраво на сите и добредојдовте во последната епизода на ФЕМКАСТ за оваа сезона. Денес немам гостинка, оваа епизода ќе биде многу кратка, можеби најкратката досега и ќе служи како една одјава пред летен одмор. Многу сум среќна што решив да ја снимам втората сезона на ФЕМКАСТ, бидејќи претходно повеќе од 6 месеци немав никаква мотивација ниту инспирација за тоа и се радувам што најголем дел од епизодите беа со гостинки. Добив многу позитивни коментари скоро за секоја епизода од оваа сезона и многу се радувам што секоја гостинка делувала инспиративно на многумина од тие кои го слушаа подкастот. Целта ми е да прикажам дека во Македонија имаме многу успешни жени во сите области, посебно од младата популација (под млада мислам на жени и девојки на возраст од 22 – 45 години) и дека од сите нив може да научиме нешто ново или да добиеме некаква инспирација која во моментот ни е потребна. Минатата година, после еден исклучително тежок период во мојот живот, научив дека најважно е да се постават цврсти лични граници за тоа колку можеме и смееме да прифатиме во форма на работа и дека е важно хобито да не премине во работна обврска бидејќи тогаш се губи жарот. Најважно е да знаеме кога е време да се одмориме и да застанеме за да ги наполниме батериите за нови возбудливи предизвици. Затоа, оваа година се што правам се трудам да биде без стрес и без притисок, бидејќи јас не сум личност која цвета под притисок и повеќе нема никогаш да работам нешто ако истото се состои од притисоци, дали е тоа работа или хоби. Затоа, фокус, одмор, фокус, одмор – ова е шемата која јас ја следам од минатата година и која ја препорачувам на сите. Бидејќи одморен и среќен ум и тело, со фокус на тоа што е најважно (дали семејство или пријатели или себеси) е тоа што не одржува во живот и ни дава сила за нови нешта. Во текот на летото ви препорачувам уште еднаш да ги преслушате епизодите, бидејќи знам дека има многу да се научи од секоја од моите гостинки. А, сега се одјавувам, време е за летен одмор, убаво и долго топло лето со најсаканите. Се слушаме во следната сезона.2022-06-0602 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски10. Разговор со Фросина БожиноскаДобредојдовте во последната #ФЕМКАСТ епизода за оваа сезона (со гостинка), а во неа гостува Фросина Божиноска, специјалист по маркетинг и мајка на две деца. Со Фросина разговараме за нејзината работа, една жешка тема која ја отворив неодамна – инфлуенсерски маркетинг – и се разбира за мајчинството, посебно за токсичната заедница на „најмајки“ на Инстаграм и чувствата на вина и недоволност кои ги наметнуваат на останатите жени кои ги следат. Фросина е првата жена која сама изрази желба да разговараме на оваа тема, бидејќи и кога првпат ја наметнав темата на Инстаграм добив очекувани реакции дека сум многу храбра што воопшто се осмелив да зборувам за оваа тема бидејќи таа заедница на мајки е многу лесно навредлива од сите кои се обидуваат да им се спротивстават на нивните ставови и генерални совети и мислења. Многу би сакала да го слушнам вашето мислење после оваа епизода на оваа тема, бидејќи пред снимањето на овој разговор ги истражив некои од Македонските женски онлајн форуми и мислењата се повторуваат и поклопуваат со моето и тоа на Фросина, меѓутоа многу ретко се изразуваат јавно и би сакала да ја утврдиме причината за тоа. #македонскиподкаст #фемкаст #femkast #подкастинамакедонски #ИлинаПејоскаЗатуроски2022-06-0344 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски9. Разговор со Маја АтанасоскаДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода е Маја Атанасоска. Маја е моја колешка по професија, работи како UI/UX Designer, а посебно е позната по нејзиниот едукативен вебсајт и јутуб канал со име Перкалус дизајн.2022-05-2735 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски8. Разговор со Даниела Здравковска МитревДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода е Даниела Здравковска Митрев, Магистер по Бизнис Администрација, која воедно е и полиглот и по професија е професор по италијански јазик, меѓутоа подолго време работи во информатичкиот сектор, претходно како Quality Analyst, а сега како Бизнис Аналист.2022-05-2030 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски7. Разговор со Адријана Ристовска АнѓелкоскиДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода е Адријана Ристовска Анѓелкоски или попозната како @just_adri. Адријана е млада Македонска жена која живее во Сопот, Полска по потекло од Гостивар, а моментално работи како фриленс дизајнер на UpWork. Во оваа епизода ќе поразговараме за нејзиниот успешен Инстаграм профил, нејзините вебинари за UpWork преку кои споделува знаење и трикови со сите кои сакаат да работаат фриленс, за нејзиниот планер за благодарност и нејзините идни планови. Адри неодамна издаде и книга со совети и трикови за работа на UpWork, прва од тој тип на македонски јазик. Книгата може да ја порачате директно преку нејзиниот инстаграм профил, достапна е во електронска и печатена верзија. 2022-05-0637 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски6. Разговор со Катерина КлимовскаДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода на ФЕМКАСТ е Катерина Климовска, основачка на accelera.mk и претседателка на @ivanov_school_of_leaders. Со Кате разговаравме за мисијата на нејзиниот старт-ап, какви можности нуди за занаетчиите од сите области во Македонија и како истите да аплицираат за учество во платформата. Разговаравме и за нејзиниот ангажман како претседателка на ИСЛАА, настаните кои ќе ги организираат за младите во земјата и секако следната Школа за млади лидери. Сите заинтересирани кои се занимаваат со занаетчиство како легален бизнис може да ги контактираат Кате и нејзиниот тим преку следните email адреси: info@accelera.mk accelera.islaa@gmail.com2022-04-2931 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски5. Разговор со Моника ЗајковаДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода е пратеничката во Собрание на Република Македонија и Магистер по правни науки, Моника Зајкова. Со Моника разговаравме на теми кои ги засегаат младите во Македонија, поконкретно активностите на младите пратеници во Собранието, иницијативата за законот за млади, стратегијата за унапредување на менталното здравје кај младите луѓе и последиците од пандемијата врз младите, но и за нејзината мотивација да се занимава со политика, како и нејзината примарна професија. Феноменална, успешна Македонска жена со импресивно образование, жена која остава свој печат во модерната Македонска политика. Следи ја Моника на следниот линк: Facebook2022-04-2228 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски4. Разговор со Марија ДимишковскаДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода е Марија Димишковска која е Магистер по Археологија. Покрај темата за нејзината професија, со Марија поразговаравме и за инклузивноста во општеството и како може сите ние да придонесеме во придвижување на промените во таа насока. Марија е соработничка на здружение „Вера“ кое е здружение за помош и поддршка на лица со Даунов синдром со седиште во Струмица. Марија и здружение „Вера“ може да ги следите на следните линкови. Марија | Здружение Вера2022-04-1539 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски3. Разговор со Рашела МизрахиДобредојдовте во уште една епизода на ФЕМКАСТ, моето име е Илина Пејоска Затуроски, а моја гостинка во оваа епизода е пратеничката во Собрание на Република Македонија, Рашела Мизрахи, биохемичарка по професија со импресивно високо образование, поранешна Министерка за труд и социјална политика, како и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Со Рашела разговараме на теми кои се од интерес на сите во општеството со посебно внимание на улогата на жените политичарки во уредување на модерното македонско општество.  Феноменална, успешна Македонска жена со импресивно образование, жена која остава свој печат во модерната Македонска политика.  Следи ја Рашела на следните линкови: https://www.instagram.com/rashelamizrahi/ | https://www.facebook.com/RaselaMizrahi2022-04-0848 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски2. Гордост и предрасудиОваа епизода планирав да ја снимам и објавам подоцна, но постојано се наоѓам во ситуации да бидам повторно и повторно испровоцирана на оваа тема (дури и во денешно време) и решив дека е време да ја објавам сега. Голем дел од мојот живот патев од комплекс на пониска вредност поради дискриминација на мојата способност поради местото од кое потекнувам или живеам - мојата цел е да работам на тоа за во иднина идните генерации кои потекнуваат од малите места да не поминуваат низ истото.  Сакате да зборуваме за предрасуди во општеството? Нема проблем! Најпрво заборавете на гордоста и вродената привилегираност дека сте повредни и попаметни од жените (или мажите) кои доаѓаат од малите места, дека по правило местата на високи позиции им припаѓаат на мажи или жени од големите градови. И најважно од се, почнете да зборувате за вистинските проблеми во нашето општество: недостатокот на решенија кога жената мора да се врати на работа затоа што не смее да користи породилно од страв дека ќе ја изгуби работата, неможноста жените да добиваат повисоки плати во одредени индустрии, мобингот, семејното насилство, дискриминацијата по секаква основа почнувајќи од тоа што ако некоја жена се занимава со земјоделство или потекнува од мало место е недостојна за кариера во одреден сектор, недоволната застапеност на жените на раководни позиции во политичките партии и на раководните позиции во Владата и парламентот и секако поттикнувањето и газењето на една жена кон друга за место во сите овие сектори. Време е да престанеме да ги осудуваме жените кои сакаат или не сакаат да имаат деца, но и да престанеме да им наметнуваме мислења и лекции и на едните и на другите. Ако решиш да имаш дете, не е крај на светот и нема да ти се уништи животот и кариерата како што тоа се претствавува во денешницата. Ако решиш да немаш дете, не е крај на светот и тоа е целосно твој избор. На крај: успехот е само Ваш и никој не може да Ви го одземе, без разлика колку и да имаат предрасуди кон Вас. Вистинскиот проблем во нашето општество е неможноста на жената да напредува поради искомплексирани, (често) недоволно образовани мажи и жени со застарени сфаќања. Тие се истите оние кои ги шират предрасудите за жените и ги убедуваат и други жени да веруваат во нив. За да ги надминеме мора да си подадеме рака една на друга и да не се плашиме од успехот на жената која е пред нас. Заедно сме посилни, заедно можеме повеќе. Оваа подкаст епизода е достапна и во текстуална форма ТУКА.2022-04-0410 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски1. Кариера: кога сме доволно добри?Јас не го имав секогаш овој начин на размислување, односно не ја имав храброста во себе да си ги видам сопствените квалитети и скоро секогаш барав одобрување од сите останати. Со големо жалење морам да кажам дека добар дел од моите 20-ти години ги поминав заробена во мојата “комфорна” зона која беше се, само не комфорна, мачејќи се да бидам доволно добра за другите во тоа што го работев, доволно добра за околината, но никогаш доволно добра за себе. Кога го сфатив ова веќе имав 29 години и решив дека е време вистинската јас, амбициозна, успешна и неустрашлива да излезе на површина со целиот свој сјај. Едноставно решив дека е време да престанам да се задоволувам со помалку од тоа што заслужувам. Оваа подкаст епизода е достапна и во текстуална форма ТУКА.2022-04-0107 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски9. Како да го користиш ИНСТАГРАМ за заработкаПодкаст на Македонски јазик во Македонија. Живееме во најдоброто време во кое може да се живее, точка! Можностите се буквално бесконечни. Во денешно време секој може да најде начин да заработува со помош на интернетот и социјалните медиуми. Многумина мислат дека тоа е возможно само со инфлуенсерство и дека тоа е единствениот начин да се заработува онлајн, но тоа е толку погрешно и во оваа објава ќе ви објаснам и зошто.Не мора да бидеш инфлуенсер за да заработуваш пари преку Инстаграм.Не мора да си инфлуенсер за да изградиш бренд, поточно дигитален бренд во денешно време. Има толку многу опции и начини од кои може да се изгради една цела (мала) бизнис империја и тоа само преку социјалната мрежа Инстаграм.Во 2021 прва година скоро сите имаме телефон во раката, сите знаеме да го користиме интернетот, разликата е во тоа како го користиме. Може да го користите на тој начин што ќе поминете 2 или 3 часа бесцелно скролајќи и восхитувајќи се на туѓите животи или може да направите нешто од тие часови поминати пред екранот.Како? Лесно. Се што ви е потребно е интернет конекција и желба.Знам, многумина ќе речат: „Полесно е да се каже, отколку да се направи.“ и не е дека во еден поранешен период од мојот живот не би се согласила со вас, но сега дефинитивно не се согласувам со таа изјава. Може да направите се што ќе посакате. Зошто? Затоа што сте способни за тоа.2021-07-0101 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиБлиц подкаст: Како да го користиш ИНСТАГРАМ за заработкаЖивееме во најдоброто време во кое може да се живее, точка! Можностите се буквално бесконечни. Во денешно време секој може да најде начин да заработува со помош на интернетот и социјалните медиуми. Многумина мислат дека тоа е возможно само со инфлуенсерство и дека тоа е единствениот начин да се заработува онлајн, но тоа е толку погрешно и во оваа објава ќе ви објаснам и зошто.Не мора да бидеш инфлуенсер за да заработуваш пари преку Инстаграм.Не мора да си инфлуенсер за да изградиш бренд, поточно дигитален бренд во денешно време. Има толку многу опции и начини од кои може да се изгради една цела (мала) бизнис империја и тоа само преку социјалната мрежа Инстаграм.Во 2021 прва година скоро сите имаме телефон во раката, сите знаеме да го користиме интернетот, разликата е во тоа како го користиме. Може да го користите на тој начин што ќе поминете 2 или 3 часа бесцелно скролајќи и восхитувајќи се на туѓите животи или може да направите нешто од тие часови поминати пред екранот.Како? Лесно. Се што ви е потребно е интернет конекција и желба.Знам, многумина ќе речат: „Полесно е да се каже, отколку да се направи.“ и не е дека во еден поранешен период од мојот живот не би се согласила со вас, но сега дефинитивно не се согласувам со таа изјава. Може да направите се што ќе посакате. Зошто? Затоа што сте способни за тоа.2021-06-2606 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски8. Како до сопствен бизнис и надминување на стравот од неуспехКако до сопствен бизнис во Македонија?Во денешно време, започнувањето на мал бизнис е значително олеснето благодарение на социјалните медиуми и платформата за водење и промовирање на бизниси кои тие ја нудат.Се што ви е потребно е желба за започнување, стратегија и концепт и подготвени сте да го лансирате вашиот бизнис.Во оваа епизода на ФЕМКАСТ ви даваме пет совети и трикови за како полесно да го започнете вашиот бизнис или социјален инфлуенсерски профил, а притоа да не се откажете при првата препрека или потешкотија.2021-06-1514 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиКако до сопствен бизнис и надминување на стравот од неуспехКако до сопствен бизнис во Македонија?Во денешно време, започнувањето на мал бизнис е значително олеснето благодарение на социјалните медиуми и платформата за водење и промовирање на бизниси кои тие ја нудат.Се што ви е потребно е желба за започнување, стратегија и концепт и подготвени сте да го лансирате вашиот бизнис.Во оваа епизода на ФЕМКАСТ ви даваме пет совети и трикови за како полесно да го започнете вашиот бизнис или социјален инфлуенсерски профил, а притоа да не се откажете при првата препрека или потешкотија.2021-06-1523 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски7. Надминување на синдромот на натрапникСиндромот на натрапник е тема која ми е посебно интересна и за која сакам често да зборувам бидејќи тоа е нешто што лично го имам искусено. На кратко: синдромот на натрапник создава лажна слика за себеси дека нашите успеси никогаш не се доволно добри и значајни и дека некој друг кој ја работи истата работа како нас секогаш е поуспешен од нас. Еден совршен пример за тоа е случката која ја прочитав кај еден мој колега дизајнер кој има над 15 години искуство и кој го опиша тоа на следниот начин: ,,Јас сум дизајнер со повеќе од 15 години работно искуство и се уште се сомневам во некои мои одлуки и постапки во работата, па дури се сомневам и во квалитетот на моите дизајни, во моето знаење и познавање на дизајнот. Но, тоа нема да го видите кај почетниците, оние кои се гладни за да се докажат. Кај успешните и искусни луѓе е поизразена оваа појава бидејќи тие предолго работеле на усовршување и докажување на нивното знаење и способности чекајќи одобрување од сите за на крај кога го постигнале тој успех заборавиле да го ценат и увидат дури и тие самите.”. Во оваа блиц-подкаст епизода зборувам за тоа како синдромот на натрапник е повеќе застапен кај жените отколку кај мажите и како да се справиме со истиот.2021-05-1507 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиНадминување на синдромот на натрапникСиндромот на натрапник е тема која ми е посебно интересна и за која сакам често да зборувам бидејќи тоа е нешто што лично го имам искусено. На кратко: синдромот на натрапник создава лажна слика за себеси дека нашите успеси никогаш не се доволно добри и значајни и дека некој друг кој ја работи истата работа како нас секогаш е поуспешен од нас. Еден совршен пример за тоа е случката која ја прочитав кај еден мој колега дизајнер кој има над 15 години искуство и кој го опиша тоа на следниот начин: ,,Јас сум дизајнер со повеќе од 15 години работно искуство и се уште се сомневам во некои мои одлуки и постапки во работата, па дури се сомневам и во квалитетот на моите дизајни, во моето знаење и познавање на дизајнот. Но, тоа нема да го видите кај почетниците, оние кои се гладни за да се докажат. Кај успешните и искусни луѓе е поизразена оваа појава бидејќи тие предолго работеле на усовршување и докажување на нивното знаење и способности чекајќи одобрување од сите за на крај кога го постигнале тој успех заборавиле да го ценат и увидат дури и тие самите.”. Во оваа блиц-подкаст епизода зборувам за тоа како синдромот на натрапник е повеќе застапен кај жените отколку кај мажите и како да се справиме со истиот.2021-05-0609 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиЖените во политиката со Лилјана ЗатуроскаПо повод првиот роденден на порталот ФЕМИТИКА се одржа панел дискусија на тема „Жените во политиката“ на која учеснички беа актуелни и поранешни пратенички во Собрание на Република Македонија. Модераторка и панелистка на панелот е поранешната пратеничка во повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска, а панелистки се Силвана Бонева, поранешна пратеничка во Собрание на Република Македонија, Дафина Стојаноска, пратеничка во Собрание на Република Македонија и Благица Ласовска, пратеничка во Собрание на Република Македонија. Панелистките се жени со богато политичко искуство зад себе и темите на кои дискутираат се посветени на сите жени кои сакаат да започнат кариера во политиката и со кои предизвици тие се соочуваат.2021-05-061h 17ФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски6. Жените во политиката со Лилјана ЗатуроскаПо повод првиот роденден на порталот ФЕМИТИКА се одржа панел дискусија на тема „Жените во политиката“ на која учеснички беа актуелни и поранешни пратенички во Собрание на Република Македонија. Модераторка и панелистка на панелот е поранешната пратеничка во повеќе мандати од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска, а панелистки се Силвана Бонева, поранешна пратеничка во Собрание на Република Македонија, Дафина Стојаноска, пратеничка во Собрание на Република Македонија и Благица Ласовска, пратеничка во Собрание на Република Македонија. Панелистките се жени со богато политичко искуство зад себе и темите на кои дискутираат се посветени на сите жени кои сакаат да започнат кариера во политиката и со кои предизвици тие се соочуваат.2021-05-061h 17ФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиПанел дискусија: Зајакнување на женското претприемништвоПрославуваме една година постоење со панел дискусија посветена на женското претприемништво во Македонија.Модераторка: Илина Пејоска Затуроски, основачка на БЕБЕБОКС.Панелистки: Ивана Китановска, основачка на KTN mini; Моника Зец, основачка на детскиот бренд Kids&Co и Мери Амбросова, инфлуенсерка и основачка на Moja Fitness MAMA.2021-05-061h 01ФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски5. Панел дискусија: Зајакнување на женското претприемништвоПрославуваме една година постоење со панел дискусија посветена на женското претприемништво во Македонија.Модераторка: Илина Пејоска Затуроски, основачка на БЕБЕБОКС.Панелистки: Ивана Китановска, основачка на KTN mini; Моника Зец, основачка на детскиот бренд Kids&Co и Мери Амбросова, инфлуенсерка и основачка на Moja Fitness MAMA.2021-04-301h 01ФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиПоследиците и лекциите од случајот „Јавна соба“ со Емилија ПопоскаВо оваа епизода на ФЕМКАСТ заедно со мојата гостинка, Емилија Попоска, дискутираме за последиците кои ги предизвика и допрва ќе ги предизвикува случајот „Јавна соба“.Кои се лекциите кои ги научивме и кои допрва ќе ги учиме?Како да го смениме менталитетот на нашето општество и да го научиме на емпатија и сочувство со жртвите?Како да ги класифицираме учесниците во групата „Јавна соба“ и зошто е потребно сите да бидат најстрого казнети?На овие прашања, а и на многу други, одговор дава Емилија Попоска - наша сонародничка која живее и работи во Словенија и е посветен борец за женските права.2021-02-0300 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски4. Последиците и лекциите од случајот „Јавна соба“ со Емилија ПопоскаВо оваа епизода на ФЕМКАСТ заедно со мојата гостинка, Емилија Попоска, дискутираме за последиците кои ги предизвика и допрва ќе ги предизвикува случајот „Јавна соба“.Кои се лекциите кои ги научивме и кои допрва ќе ги учиме?Како да го смениме менталитетот на нашето општество и да го научиме на емпатија и сочувство со жртвите?Како да ги класифицираме учесниците во групата „Јавна соба“ и зошто е потребно сите да бидат најстрого казнети?На овие прашања, а и на многу други, одговор дава Емилија Попоска - наша сонародничка која живее и работи во Словенија и е посветен борец за женските права.2021-02-031h 03ФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски3. Конкуренцијата како здрава мотивацијаВо оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за како македонските жени ја доживуваат конкуренцијата и како може да ја искористиме нашата конкуренција како инспирација и мотивација за подобрување на себеси наместо како причина за страв од неуспех. Зошто е важно жените да се поддржуваат една со друга? Како да излеземе од кругот на зависта и љубомората и да се обединеме и да навиваме една за друга? Зошто се плашиме од конкуренцијата и како да го надминеме тоа? Зошто е важно поддршката да биде искрена и реална, а не со скриени намери?2021-01-3023 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиКонкуренцијата како здрава мотивацијаЗошто е важно жените да се поддржуваат една со друга?Како да излеземе од кругот на зависта и љубомората и да се обединеме и да навиваме една за друга?Зошто се плашиме од конкуренцијата и како да го надминеме тоа?Зошто е важно поддршката да биде искрена и реална, а не со скриени намери?Во оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за како македонските жени ја доживуваат конкуренцијата и како може да ја искористиме нашата конкуренција како инспирација и мотивација за подобрување на себеси наместо како причина за страв од неуспех.2021-01-3023 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски2. Добрите пракси и потенцијалната вредност на пратеничките канцеларии со Лилјана ЗатуроскаОваа епизода на ФЕМКАСТ е презентирана од поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Во оваа епизода разговараме за значењето на пратеничките канцеларии и нивната улога во комуникацијата со граѓаните.Да се биде јавна личност не само што претпоставува голем број внимателно пресметани чекори и акции, туку претпостаува и создавање приказна, имиџ и содржина, комуникација која се карактеризира со волја да се сослушаат и согледаат повеќе слоеви на граѓанските предизвици со цел и внатрешно и надворешно во секое време пратеникот да биде во тек и вклучен во граѓанските иницијативи. Само така граѓанската иницијатива има начин да стигне до вистинската адреса на повисоко ниво.2021-01-2228 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиДобрите пракси и потенцијалната вредност на канцелариите за комуникација со граѓаните во стремежот на канализирање на народниот глас во рамки на парламентарната демократијаОваа епизода на ФЕМКАСТ е презентирана од поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Во оваа епизода разговараме за значењето на пратеничките канцеларии и нивната улога во комуникацијата со граѓаните.Да се биде јавна личност не само што претпоставува голем број внимателно пресметани чекори и акции, туку претпостаува и создавање приказна, имиџ и содржина, комуникација која се карактеризира со волја да се сослушаат и согледаат повеќе слоеви на граѓанските предизвици со цел и внатрешно и надворешно во секое време пратеникот да биде во тек и вклучен во граѓанските иницијативи. Само така граѓанската иницијатива има начин да стигне до вистинската адреса на повисоко ниво.2021-01-2228 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиХраброст или совршенство до конечно исполнување на Вашите амбицииВо оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за храброста и што е потребно да стигнете до тоа да водите живот целосно ослободени од синџирите на совршенството и постојаното задоволување на нечии туѓи идеи за Вас, Вашиот живот и Вашата кариера. Сакате поуспешно да се справите со предизвиците на работа? Сакате да започнете сопствен бизнис? Сакате да ги исполните своите соништа? Заборавете на постојаната потрага по совршенството и пронајдете ја храброста со која ќе ги постигнете сите Ваши цели и амбиции во кариерата и животот.2021-01-1818 minФЕМКАСТ со Илина Пејоска ЗатуроскиФЕМКАСТ со Илина Пејоска Затуроски1. Храброст или совршенство до конечно исполнување на Вашите амбицииВо оваа епизода на ФЕМКАСТ зборуваме за храброста и што е потребно да стигнете до тоа да водите живот целосно ослободени од синџирите на совршенството и постојаното задоволување на нечии туѓи идеи за Вас, Вашиот живот и Вашата кариера. Сакате поуспешно да се справите со предизвиците на работа? Сакате да започнете сопствен бизнис? Сакате да ги исполните своите соништа? Заборавете на постојаната потрага по совршенството и пронајдете ја храброста со која ќе ги постигнете сите Ваши цели и амбиции во кариерата и животот.2020-12-3018 min