Look for any podcast host, guest or anyone
Showing episodes and shows of

AED EKVALIS

Shows

Еквалис2020-12-091h 30Еквалис
ЕквалисГласно за КВИР искуствата во македонското општество - Македонска верзијаОд Предговорот: „Гласно за квир искуствата во македонското општество“ е публикација составена од 4 приказни на 4 припадниц(чк)и на ЛГБТИК+ заедницата, коишто се идентификуваат како геј, лезбејка, бисексуалка и трансродова жена. Оваа публикација зборува за искуствата. Нашите искуства коишто се секогаш секундарни за системот. Искуствата поврзани со безбедноста, одењето по улица, стравот, физичките напади коишто припадниците на нашата заедница ги имаат износено на својот грб. Потоа, процесот на прифаќање и самоприфаќање, долги и комплексни битки со самите себе, а, понатаму, и со нашите микросредини, семејства, институции, религии, општества и Влади. Оваа публикација зборува за локации, места и простори во коишто нашата заедница се чуствува удобно да се социјализира, а каде што, во исто време, се имаат случено, можеби, и најопасните искуства за нас. Како читател(к)и на овие приказни, ќе нурнете во искуства поврзани со семејеството, со нашите биолошки семејства и со живеењето во постојан грч поради стравот да не го изгубите семејството коешто го имате, ако им го откриете своето вистинско „јас“. Приказните се и за нашите искуства на заљубување, живеењето тајни животи со нашите партнери, нашите среќни мигови и нашите погледи за иднината. Дури, и за нашата анксиозност за иднината. Но, и за чувството дека иднината (ќе) е наша и дека ја земаме во свои раце. Искуствата од оваа публикација, пред сѐ, им ги даваме на припадниците на нашата заедница. Во секоја од овие приказни сакаме да отвориме простор за надеж, за поистоветување, за чувство на единство и за живеење на заедничка реалност, но и за делење на визијата за подобар живот на нашата заедница. Сакаме да создадеме простор за борба, особено, простор за заедничка борба. Пропратно, овие приказни им ги нудиме и, како будење, на оние коишто ја имаат моќта да бидат привилигирани во ова општество поради својата сексуална ориентација. Ова се приказни коишто ги отвараат прашањата за привелгијата, за системот, за институциите и коишто, сосема ненаменски, низ нашето секојдневно живеење, сакаат да им препорачаат, на оние коишто имаат привилегија, дека нашите искуства се валидни, но дека нема да чекаме на валидација базирана на сожалување или милостина, туку, едноставно, ќе ги валидираме поради фактот што заслужуваме да бидеме еднакви исто како и хетеросексуалните и цис луѓето во оваа држава. Приказните во оваа публикација се приказни на четири припадници на заедницата коишто се идентификуваат како геј, лезбејки, бисексуалки и трансродови лица, но во исто време носат и други маргинални идентитети. Тие идентитети се провлекуваат и се спомнати низ самите интервјуа. Некои од нив се лица со попреченост, други се жени, млади или доаѓаат од помали средини, надвор од главниот град. Разговорите со секој/а од нив се транскрибирани и прераскажани онака како што течеа, полни со природен говор, дијалектни изрази, жаргони и англизми. Веруваме дека, токму тој, директно пренесен говор, без никакви интервенции, ќе ви помогне, Вие, како читател(к)и, да ги почувствувате овие приказни поблиски, пообични и посекојдневни. Заради заштита на личната безбедност, сите говорници се анонимни, иако, некои од нив се имаат и јавно аутирано. Споделувањето имиња на локали, локации, градови и институции во оваа публикација е свесно, намерно и дозволено од страна на говорни(ци)чките.
2020-12-091h 35Еквалис2020-09-2201 minЕквалис2020-09-2200 minЕквалис2020-09-2202 minЕквалис2020-09-2201 minЕквалис
ЕквалисПодкаст: За унапредувањето на работната позиција во една државна институцијаВо петтата епизода од мини-серијалот подкасти кои прикажуваат реални случаи на дискриминација зборуваме за дискриминацијата врз основа на политичка припадност и политичко уверување. По втор пат, ни гостува Игор Јадровски, проектен менаџер во областа на дискриминацијата во Хелсиншки комитет за човекови права. Покрај тоа што разговаравме за конкретниот случај на дискриминација утврдена во една македонска државна институција, Игор образложи подетално и за состојбата со Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој пред половина година беше укинат од страна на Уставниот суд, како и за начините на докажување дискриминација со и без овој закон. По слушањето, предлагаме да размислите за следново: 1. Каде се воочува дискриминација во случајот раскажан во овој подкаст? 2. Дали вие некогаш сте биле жртва или сведок на ваков или сличен вид дискриминација? 3. Кои се начините на докажување дискриминација со и без Закон за спречување и заштита од дискриминација?
2020-08-3114 minЕквалис2020-08-2809 minЕквалис2020-08-2710 minЕквалис2020-08-2609 minЕквалис
ЕквалисПодкаст: Куса приказна за гинеколошката амбуланта во Шуто ОризариОваа епизода ги обработува аспектите на дискриминација врз жените од општината Шуто Оризари. Откако последната докторка по гинекологија, во јануари годинава, ја пресели својата ординација во друга општина, жените во Шуто Оризари, повторно, се оставени без гинеколошка амбуланта. За илустрација, во други општини со приближна големина, има по околу 10 амбуланти, а во Шуто Оризари нема ниту една. Разговараме со Салија Бекир Халим, една од основачките на неформалната група 'Иницијатива на жени од Шуто Оризари', којашто беше една од првите јавно да реагираат на преселбата на ординацијата во јануари. По слушањето на овој подкаст, предлагаме да размислите за следново: 1. Каде се воочува дискриминација во опишаните случаи? 2. Дали, и како, се преклопуваат различните видови дискриминација во овие случаи? 3. Дали вие некогаш сте биле жртва или сведок на родова дискриминација? Како сте постапиле? 4. Што треба да преземе македонското општество за дискриминацијата воочена во овој подкаст да биде отстранета од општеството?
2020-08-2509 min